Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Трајановски: Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира
Трајановски: Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира

Трајановски: Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира

По новите случувања во Фудбалскиот клуб Вардар, се огласи и поранешниот прв човек на Град Скопје, Коце Трајановски.

Ви го пренесуваме соопштението во целост:

Вардар е синоним за спортот во Скопје. Од самиот почеток кога го спасивме од втора лига и го превзема Град Скопје идејата ни беше да направиме од Вардар шампион. Успесите и достигнувањата ги гледавме низ годините и сето тоа беше благодарение на приватниот партнер кој од Вардар направи препознатлив европски бренд.

Некои нови ветришта во последниве години направија се таа успешна приказна да згасне.

Сакам да ви порачам дека Вардар е како пиреј, газете го, кошкајте го тој не умира. Ќе живее се додека не дојдат поубави времиња кога повторно ќе се врати на шампионските патеки.

98295926_1134711040217981_8731041344463568896_n