Sunday ,12 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар има нов тренер, Васоски се враќа да го вивне најтрофејниот!
Вардар има нов тренер, Васоски се враќа да го вивне најтрофејниот!

Вардар има нов тренер, Васоски се враќа да го вивне најтрофејниот!

ФК Вардар и дефинитивно има нов тренер. Александар Васоски – Тетовче, човекот кој му донесе титиула на Вардар и го врати на шампионскиот трон, сега се враќа во најтрофејниот да го дигне повторно во височините.

Васоски и Вардар веќе се договориле, па така очекуваме и официјална промоција во текот на денешниот ден или најдоцна утре. Нема да биде изненадување доколку Тетовче веќе утре застане да го води Вардар на домашниот натпревар против Силекс.

Васоски знае како е да се работи во Вардар и под притисок, па веруваме дека ќе има уште една супер вардарова приказна.

Добредојде назад за Александар Васоски!