Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Седум “парчиња“ во мрежата на Ренова, од кадетите на Фк Вардар
Седум “парчиња“ во мрежата на Ренова, од кадетите на Фк Вардар

Седум “парчиња“ во мрежата на Ренова, од кадетите на Фк Вардар

Кадетите забележаа нова убедлива победа во првенството. Денес се одигра 17 коло, каде црвено-црните остварија висок триумф, против екипата на Ренова со резултат 7:0. Стрелци на головите беа Јасир Беќири(2), Ердон Даци, Дарко Додевски, Берат Исмаил, Есмин Личина и Фати Јусуфи.

Прекрасно време и терен за игра, каде Вардар поведе уште во првата минута со голот на Беќири. До крајот на првото полувреме, успеаа да постигнат уште три погодоци во мрежата на противникот.  Целиот натпревар се играше на половината на гостинскиот тим, кои немаа ни една посериозна закана и шанса кон нашиот гол. Во вториот дел црвено-црните не запраа, туку продолжија да напаѓаат и да ја тресат мрежата на Ренова. Конечниот резултат беше вистинска слика за квалитетот и доминацијата на избраниците на Марковски-Калц на овој меч.

Со овој триумф се зацврстуваме на врвот на табелата, каде сме најголеми фаворити за освојување на титулата.

Фото:ТК Медиа