Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки со поддршка од 600 грла во Будимпешта!

Вардарки со поддршка од 600 грла во Будимпешта!

Армијата навивачи на Вардар полека, полека пристигнува во Будимпешта, и се подготвува за натпреварот против црногорскиот шампион од 16 часот и 45 минути.
Од лице место добиваме информации дека групата навивачи, и поддржувачи на Вардар се зголемува, и се очекува над 600 грла да му помогнат на Вардар на овој меч да дојде до толку посакуваното финале.

Според информациите, од Скопје се појдени, и пристигнати повеќе од 100-тина навивачи, исто така Вардарки ќе ги поддржат и доселеници, поддржувачи кои работата и живеат во Унгарија, па според сите прогнози од слободна наша проценка се очекува нашите навивачи да бидат во број околу 600.
Нека биде ова мотив повеќе за нашите девојки!
Фото: zrkvardar.mk