За жал нашиот тим на денешниот 1/2 финален натпревар против Будуќност беше без никакви шанси за финале. Речиси во текот на сите 60 минути црногорскиот тим имаше предност.
Уште на почетокот девојките на Драган Аџиќ, покажаа дека за жал и оваа година се за една гласа подобар противник од нашиот Вардар.
Играта на нашиот тим се одвиваше многу тешко, како во нападот така и во одбраната, речиси на овој натпревар да немавме десен бек, за жал, бледа партија прикажа Барбара Лазовиќ, Алтхаус речиси и да не дојде до топка за гол на пикерската позиција, многу грешки на Дембеле во клучниот период од натпреварот, Пенезиќ одигра една партија топло ладно, исто како и Лекиќ, голманките се поклопија во сивилото, Суслина по првиот дел имаше 6 одбрани, а во вториот дел Лејно запиша 8 одбрани.
Клучен проблем во играта на Вардар по којзнае кој пат беа техничките грешки, нашиот тим имаше дури 15 технички грешки, што за пласман во едно финале е премногу.
Во одбраната ги задржавме Цвииќ и Булатовиќ, но затоа незадржлива енигма беше романката Неагу, крилото Петровиќ и Мехмедовиќ.
Се на се повторно лоша игра со Будуќност, недозволиво за еден полуфиналист!
Утре не очекува малото финале со Динамо Волгоград, за утешното 3-то место.
Фото: zrkvardar.mk