Македонската фудбалска репрезентација до 16 години утрово отпатува за Турција, каде ќе се натпреварува на меѓународен турнир.
Оваа селекција на Македонија која е предводена од Драган Канатларовски ќе се натпреварува во групата Б, во која се уште и репрезентациите на Јужна Кореја, Украина и Албанија, додека во групата А ќе бидат селекциите на Турција, Ирска, Косово и Танзанија.
За овој турнир, Канатларовски повика и шест играчи од Вардар. Се работи за Стефан Тасев, Никола Павлески, Давид Љушев, Георг Стојановски, Игор Јаневски и Бесар Гуџуфи.
Утре ќе го одиграме првиот натпревар на турнирот, против селекцијата на Албанија.