Капитенот на ФК Вардар, Дејан Блажевски денешниот натпревар ќе го памети долго, бидејќи слави голем јубилеј, 150 официјален настап во дресот на најтрофејниот македонски фудбалскиот клуб Вардар.
Ова е голем јубилеј за популарниот Шиле, кој влегува во одбрано друштво на фантастични играчи на Вардар со 150 официјални натпревари во ,,црвено – црниот” дрес.
Му го честитаме овој јубилеј на Блажевски и му посакуваме уште многу успеси, титули и голови со Вардар.