Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар дојде до 9/9, во победата кај ЖРК Астибо, Миновска со 9ка
Вардар дојде до 9/9, во победата кај ЖРК  Астибо, Миновска со 9ка

Вардар дојде до 9/9, во победата кај ЖРК Астибо, Миновска со 9ка

ЖРК Вардар продолжува со перфекцијата во Групата-Б, денес во Штип гостувавме кај ЖРК Астибо. Остваривме 9/9 во лигата и сме лидери, победата над штипјанки дојде со резултат 25-38.

.
Отворивме со головите на Џатевска и капитенот Диневска со почетни 0-2, поведовме во првите 3.минути и таа предност не беше загрозена, до крајот ривалот не успеа ниту да изедначи воопшто. Домаќинот намали на 2-3, потоа следеше црвено-црна доминација на теренот. Заигравме како што знаевме влеговме во неверојатна серија 1:11, цели десет гола додавме на предноста и поведвоме со двоцифрена предност, односно со 11.гола разлика (3-14). Се беше решено по овој момент, на одмора заминавме со резултат 8-17 за нас.

.Ристова во вториот дел како и во дел од првиот период даде шанса од клупата на сите девојки, сепак тоа не го поремети ритамот, ние и понатака бевме тим кој ја диктира играта. Највисоката предност ја имавме некаде околу средината на вториот дел кога поведовме со 18 гола (14-32). До крајот остана прашањето само со колкава предност ќе дојдеме до победа. Дојдовме до 9та победа во исто толку одиграни натпревари со резултат 25-38.

.
Миновска Сара одигра одличен дуел и погоди 9.пати, капитенот Диневска Бојана стрелаше во 7.наврати, две девојки имаа 5-ки: Дамјаноска и Трпевска, а младата Тошевска стрелаше 4.пати.