Monday ,14 October 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Симов: Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото
Симов: Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото

Симов: Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото

Горан Симов освои две шампионски титули како играч на Вардар, а сега ќе треба да освојува како предводник од клупата на ,,црвено – црните”. ,,Вардар Фанс” правеше интервју со Симов кога беше играч на нашиот клуб, а денес прави со новиот тренер на најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија.

- Се вративте дома, што значи за вас клупата на ФК Вардар?

,,Голема е честа, задоволството, но и обврска да се биде на клупата на Вардар. Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото” , изјави Симов.

- Какви планови околу играчкиот кадар имате за новата сезона?

,,Во моментов разговараме и со играчи кои го носеа дресот на Вардар, но и со потенцијални засилувања. Поконкретно околу новите засилувања ќе се знае во следниот период” , рече новиот тренер на вардарци.

- Пред вас е тешка битка, Втората лига ќе биде доста добра, што очекувате?

,,Дефинитивно нашата зона е поквалитетна од другата. Не очекуваат тешки натпревари, но целта на Вардар е јасна – назад во Првата фудбалска лига. Силекс ќе ни биде најголем конкурент за првата позиција” , заврши Горан Симов во интервју за ,,Вардар Фанс”.