Уште една добра вест ни пристигнува од таборот на ФК Вардар. Денес сите играчи се пријавени за настапи и од денес и официјално се дел од ,,црвено-црните”.
Тоа значи дека сите нови засилувања се спремни за настап. Мал проблем имаше со Глишиќ и Керим, но и двајцата се пријавени и ќе можат да конкурираат за настап.
Дербито на Втората лига помеѓу Силекс и Вардар, се игра во недела во Кратово со почеток од 16 часот.