Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Сите на стадион, играј Вардар за нас!
Сите на стадион, играј Вардар за нас!

Сите на стадион, играј Вардар за нас!

Дојде и тој ден. Денеска се игра првата голема пресмета во новата сезона, пресметката на најголемите претенденти и оваа сезона за шампионската титула, тимовите на ФК Вардар и ФК Шкендија. Нашиот тим мора, сака и може да го победи тимот од Тетово и да ја продолжи серијата од минатата сезона, каде на четири натпревари не доживеавме ниту еден пораз од овој тим.

Навивачите на  Вардар посакуваат да се повторат резултатите од минатата сезона, каде идентично како и оваа, првиот натпревар (Против чаирчани) го одигравме нерешено, а потоа славевме победа против тимот на тетовска Шкендија. Овој пат, овој натпревар ќе го одиграме како домаќини, на наш терен, што дополнително би ја олеснила задачата за нашите момци. Нашите играчи мора да покажат на овој натпревар дека и оваа сезона се далеку напред пред другите домашни екипи.

Се гледаме на стадион, заедно да навиваме за нашиот тим. Напред Вардар!