Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Хрватска ја совлада Франција, Карачиќ постигна еден погодок
Хрватска ја совлада Франција, Карачиќ постигна еден погодок

Хрватска ја совлада Франција, Карачиќ постигна еден погодок

Вчера се одиграа неколку интересни натпревари во машкиот ракометен сегмент од Олимписките игри. За нас, интересна е репрезентацијата на Хрватска, од која доаѓаат двајца играчи од РК Вардар, а тоа се: Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Хрватска направи голем подвиг, совладувајќи го фаворитот, селекцијата на Франција со резултат 29-28.

Во еден целосно израмнет натпревар во финишот подобро се снајде Хрватска и благодарение на одбраната на Иван Пешиќ од седум метри славеше триумф на овој дуел. До 15 минута избраниците на Жељко Бабиќ имаа постојано водство но не поголемо од еден гол разлика. На секој погодок Французите враќаа и не дозволуваа нивниот противник да се одлепи. Сепак по истекот на првите 30 минути се заминува со водство на Хрватска од 14:12. Единствениот погодок на овој натпревар за зголеување на 15:12 Игор Карачиќ го постигнува на самиот старт на второто полувреме. Во 40 минута следиме ново израмнување на 18:18 и враќање на мечот од самиот почеток. Франција во еден момент успева да поведе после подолго време. Следиме период каде две селекции играа гол за гол. Во последните две минути се влезе со нерешен резултат 28:28, по што Златко Хорват успева да погоди за 29:28. На 15 секунди до крајот беше покажен седмерец за селекцијата на Франција. Гигу не успева да реализира, односно голманот на Брест Мешков, Пешиќ го брани неговиот удар на големо славје на Хрватска.

Игор Карачиќ постигна еден погодок, додека пак Циндриќ и на оваа средба не беше во составот. Сега Хрватска има 6 бодови исто колку и Франција и Данска.

Останатите резултати од вчерашниот ден се следниве:
Словенија – Германија 25-28
Данска – Катар 26-25
Бразил – Египет 27-27