Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победа за кадетската ракометна репрезентација на првиот контролен дуел со Бугарија
Победа за кадетската ракометна репрезентација на првиот контролен дуел со Бугарија

Победа за кадетската ракометна репрезентација на првиот контролен дуел со Бугарија

Победа за машката кадетска репрезентација на првиот контролен натпревар против селекцијата на Бугарија. Нашите кадети се наоѓаат во оваа земја, каде во периодот од 15-21 август ќе бидат дел од ЕХФ Шампионатот. За таа цел избраниците на Илија Темелковски ќе одиграат два контролни натпревари против Бугарија, од кои едниот веќе го добија.

Успешна контрола за Македонија, која имаше водство од самиот почеток на мечот. По првите 15 минути стигнавме и до три гола позитива (5:8). До крајот на првото полувреме домашната репрезентација успеа да го смали нашето водство на само еден гол негатива и на одмор да се замине со резултат 14:15.

Нашите млади надежи не дозволија противникот целосно да го сврти резултатот во своја корист, па повторно почнаа да се одлепуваат од противникот. Во последните 15 минути од мечот влеговме со предност од пет гола разлика (21:26). Ова водство го задржавме и до самиот крај. Конечниот резултат гласеше 27:33.

Во составот на Македонија за овој натпревар беа и четири играчи од ракометниот клуб Вардар и сите се запипаа во листата на стрелци. Иван Димитровски, Дејан Кукуловски и Стефан Крстевски постигнаа по еден гол. На нашиот гол беше Марко Кизиќ. Денес на програмата е вториот меч со Бугарија и истиот започнува од 10 часот.