Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лакрабер продолжува со добри настапи за репрезентацијата на Франција, која се пласираше во 1/4
Лакрабер продолжува со добри настапи за репрезентацијата на Франција, која се пласираше во 1/4

Лакрабер продолжува со добри настапи за репрезентацијата на Франција, која се пласираше во 1/4

Женската ракометна репрезентација на Франција успеа да се пласира во четвртфиналната рунда на олимписките игри во Рио. По победата против репрезентацијата на Јужна Кореја, Франција во чиј состав настапуваат две ракометарки на Вардар и теоретски обезбедија настап во 1/4 на едно коло до крајот на групната фаза.

 Неизвесно беше само првото полувреме, кога резултат беше нерешен 11:11. Клучен период беше средината на второто полуврме, кога Франција постигна пет последователни гола и се одлепи на солидно водство кое го задржа до самиот крај на мечот. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 27:21. Новото засилување на Вардар, Александра Лакрабер продолжува со добри игри, постигнувајќи 7 гола, со што беше најдобар стрелец во својата селекција, додека нејзината клупска соиграчка Амандин Лејно го заврши натпреварот со 13 успешни интервенции. Ова беше трета победа  за оваа селекција на ОИ и со шест бода се наоѓа на второто место, пред селекцијата на Русија која има максимални 8 бода на првото место на табелата.

Уште едно ново засилување за новата сезона и тоа на голот Мајса Песоа со репрезентацијата на Бразил обезбеди место во најдобрите осум на олимписките игри. Во претпоследното коло ја победија Ангола, додека во последниот меч од групата се среќаваат со “отпишаната“ Црна Гора.

Веќе е познато дека Црна Гора ги загуби шансите за четвртфинале по четирите порази во групата. Радичевиќ и Кликовац по испаѓањето на својата земја, своите мисли сега ќе ги насочат кон настапите во екипата на Вардар.