Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Скопје противник за Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ во претпоследното есенско коло од регионалната лига
ФК Скопје противник за Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ во претпоследното есенско коло од регионалната лига

ФК Скопје противник за Вардаровите генер. “2002“ и “2003“ во претпоследното есенско коло од регионалната лига

Во сабота на теренот на Академијата своето претпоследно коло од есенскиот дел во регионалната лига ќе го одиграат генерациите на фудбалскиот клуб Вардар, родени „2002“ и “2003“ година. Противник во ова коло ќе биде екипата на ФК Скопје.

Избраниците на Томче Трајановски ќе ја бараат својата деветта победа од исто толку одиграни натпревари. Со максимални 24 освоени бодови оваа генерација на Вардар се наоѓа на врвот на табеалта, со само четири примени голови. Исто така обезбедивме пласман и во полуфиналето од купот на Македонија. Утрешниот противник се наоѓа на осмото место на табелата со две победи и шест порази. Не би требало да имаме никаков проблем да триумфираме и да ја продолжиме победничката серија која трае од почетокот на сезоната. Мечот ќе започне во 10 часот.

Веднаш по нив, на истиов терен, натпревар ќе одигра и Вардаровата генерација “2002“ против врсниците од Скопје. Тука противникот многу повисоко котира и се наоѓа на четвртото место на табелата со 18 освоени бодови. Вардарци се моментално на второто место со 21 освоен бод и натпревар помалку од екипата на Скопје. Квалитетот е на страната на Вардар, кој треба да се покаже на теренот. Вардар и Работнички водат голема борба за приматот есенски шампион.