Младите ракометни екипи на Вардар, момците и девојките овој викенд повторно ќе бидат активни во неколку сали. Кај девојките ќе играат пионерките и младинките, а кај момчињата двете младински, кадетската и пионерската екипа. Вкупно шест мечеви за вардаровите ракометни екипи не очекуваат овој викенд.
Кај девојките имаме еден меч во сабота на 19.11.2016, пионерките на Вардар гостуваат кај екипата на Преспа Нова. Дуелот ќе се игра во градот Ресен со почеток во 12-00 часот. Вториот дуел ќе се игра во недела на 20.11.2016, повторно и на овој дуел гостуваме. Домаќин ќе ни биде екипата на РК Кичево 10 каде младинките на Вардар СЦЈС ќе играат меч во истоимениот град со почеток во 13-00 часот.
Кај момците имаме повеќе мечеви на сите нив овој викенд сме домаќини, дуелите ќе се играат во три дена. Првиот меч не очекува во сабота, кога со почеток од 13-30 пионерите на Вардар предводени од Будимир се домаќини на Македонија ЃП. Овој меч ќе се игра во С.р.ц Кале. По него во истата сала со почеток во 16-00 часот младинците на Вардар јуниор, кои ќе бидат домаќини на Радовиш. Во недела на 20.11.2016 со почеток во 18-30 часот кадетите на Вардар во истата сала ќе играат како домаќини со РК Младинец. Дуел во “Кале“ имаме и во понеделник, на 21.11.2016. Младинците на РК Вардар со почеток во 12-30 часот ќе одиграат дуел до младинската лига со РК Охрид.