Најновиот проект на ракометниот клуб Вардар “Јуниор“ лигата успешно се реализира и изведува во неговата втора сезона. Најголемиот спортски бренд во Македонија, успеа да дојде до идеја за обединување на сите деца од различни возрасни генерации кај кои постои желбата да играат ракомет и во иднина да продолжат да се занимаваат со овој спорт. Повеќе од 24 ракометни школи низ целава држава, земаат учество во овој проект на РК Вардар, кој се покажа како многу успешен уште во првата година на постоењето. Дел од “Јуниор лигата“ оваа сезона е Ивана Арсениевска која настапува за ракометната школа Делчево, кај генерација родени 2002/03 годна.
-Јас со ракометот се занимавам веќе 4 години. Сум гледала на телевизор многу често ракомет и како што повеќе гледав толку имав поголема желба да тренирам. Нашиот клуб функционира многу добро на тренинзиите сме сконцентри и добро работиме. Наши тренери се Горан Велков и Гоце Стоиловски.
Јуниор лигата е полн погодок за младите која им нуди многу можности за напредување.
-“Вардар јуниор лигата“ е добар проект за нас младите, каде имаме можност да натпреваруваме а и најважно е да се дружиме. “Јуниор лигата“ е организирана на големо ниво и мислам дека ништо не недостадува. До ова коло одигравме три натпревари и остваривме исто толку победи.
Звонко Ивановски