Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гласајте за Дибиров и Душебаев во изборот за најдобар светски играч во 2016, организиран од “Хенбал-планет“ (линкови)

Гласајте за Дибиров и Душебаев во изборот за најдобар светски играч во 2016, организиран од “Хенбал-планет“ (линкови)

Веќе традиционално шеста година по ред “Хенбал-планет“ организира избор на најдобар ракометар на светот. Новинари од четири континенти од 33 медиуми ќе гласаат за да го одберат најдобриот. Воедно ќе се бираат и осум иделни играчи, односно најдобра седморка плус најдобар дефанзивец. Покрај новинарите во овој избор се земаат гласовите и на навивачите кои може да гласаат за еден од 32 понудени кандидати, односно на секоја позиција има понудено по четири можности. Нашиот Вардар има двајца кандидати, руското летачко крило Тимур Дибиров и одличниот Алекс Душебаев. Гласањето ќе биде отворено до 8-ми декември, во продолжение линкови на кој ќе може да гласате за нашите момци. Наградите во изминатите пет години за број 1 во светот ги освојуваа: Наѓ (2011), Јиха (2012), Дувњак (2013), Карабатиќ (2014 и 2015)

vardarfans-dibirov

Гласајте за најдобро лево крило за Дибиров на линкот- ТУКА

Гласајте за најдобар десен бек за Душебаев на следниот линк- ТУКА