Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Горд сум што сите играчи дадоа максиум на овој меч
Гонзалес: Горд сум што сите играчи дадоа максиум на овој меч

Гонзалес: Горд сум што сите играчи дадоа максиум на овој меч

Вардар со победа и два бода замина од гостувањето во Германија, против екипата на Рајн Некар. Црвено-црните одиграа одлично второ полувреме, кога во еден момент имаа водство и од девет голови разлика. Имавме предност речиси и во текот на целото прво полувреме, само еднаш противникот се најде во водство кое не го задржа долго време. Повеќе и до заслужен триумф за Вардарци, кои направија голем чекор кон освојување на првото место на крајот од најсилната група Б. Кањелас го одигра најдобриот меч во црвено-црниот дрес постигнувајќи 10 голови, додека Циндриќ беше стрелец на 7 погодоци. На голот го имавме одличниот Штербик кој натпреварот го заврши со 13 одбрани. После завршување на мечот, на прес-конференцијата се обрати тренерот Гонзалес кој на кратко го изјави следново:

-Горд сум што сите играчи дадоа максимум, на овој меч. Тоа беше важен натпревар за нас, многу важен и знаевме дека ќе биде тешко тука да се игра. Но, сега веќе мислиме на она што претстои, а тоа е следниот меч.