Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Директен пренос од мечот во Челинџ купот Вардар СЦЈС -Свиленград на МТВ во недела од 16 час.
Директен пренос од мечот во Челинџ купот Вардар СЦЈС -Свиленград  на МТВ во недела од 16 час.
СЕЛФИ ПО ПОБЕДАТА ВО БУГАРИЈА!

Директен пренос од мечот во Челинџ купот Вардар СЦЈС -Свиленград на МТВ во недела од 16 час.

Младиот црвено-црн ракометен женски колектив, ЖРК Вардар СЦЈС втора година по ред е македонски преставник во Купот Челинџ. Лани за “влакно“ ни избега 1/2 финалето во истиот. Годинава одлично тргнавме триумфиравме во Бугарија со Свиленград. Со истиот противник овој викенд играме реванш меч во Скопје.

Свиленград го пречекуваме во реваншот од 3.коло во спортскиот центар “Јане Сандански“. Мечот ќе се игра во   недела на 19/11/2016 со почеток во  16-00 часот. Од овој меч директен пренос ќе имате прилика да гледа на Македонската радио и телевизија. Државната телевизија мечот ќе го пренесува на собранискиот канал. Ние сме фавориити за поминување понатака, во првиот меч девојките на Симе Симовски  победија со 24-17 на гостувањето во Бугарија кај  Свиленград. На тој дуел кај нас  се истакна голманката Љупка Белмезова која имаше десет одбрани, а најдобар стрелец беше Керамичиева со седум погодоци.