Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи се домаќини на Шкупи, кадетите и младинците гостуваат во Чаир
Пионерските екипи се домаќини на Шкупи, кадетите и младинците гостуваат во Чаир

Пионерските екипи се домаќини на Шкупи, кадетите и младинците гостуваат во Чаир

Во сабота и недела младинските категории на ФК Вардар ќе ги одиграат своите натпревари од петтото првенствено коло. Противник за црвено-црните генерации е екипата на Шкупи. Пионерските екипи во сабота се домаќини на теренот на академијата, додека во недела на стадионот во Чаир, гостуваат кадетите и младинците.

Помладите пионери се единствената наша генерација која се уште е без пораз во новата сезона. Оваа генерација има три победи и еден нерешен резултат во првенството, додека во купот се пласираа во четврфиналето. Пионерите во минатото коло на гостувањето во Струмица ја забележаа првата победа и се очекува да освојат нови бодови и на домашниот натпревар против екипата на Шкупи. Помладите пионери стартуваат од 10 часот, додека натпреварот на пионерите е закажан за 12 часот.

Во средата кадетите и младинците играа натпревари од осминафиналето на купот, кои ги добија и се пласираа во најдобрите осум екипи на ова натпреварување. Кадетите по четири одиграни кола имаат две победи, еден нерешен резултат и еден пораз, додека младинците имаат учинок од три победи и еден пораз. Кадетите својот натревар го играат од 10 часот, додека два часа подоцна започнува натпреварот на младинците.