Женската ракометна репрезентација на Србија со победа ги започна квалификациите за пласман на ЕП кое следната година се игра во Франција. На домашен терен избраничките на Љубо Обрадовиќ беа подобри од селекцијата на Фарски Острови со резултат 36:20.
На приот гол гостинската репрезентација чекаше цели 13 минути кога го намалија резултатот на 7:1. На средина од првото полувреме, Фарски Острови го намали резултатот на 9:5, но до крајот на првото полувреме, Србија стигна до убедливо водство од 16:9. По десет минути игра Србија стигна до двоцифрена предност од 22:12. Во вториот дел како одминуваше натпреварот, предноста се повеќе растеше за на десет минути пред крај да достигне високи 17 голови разлика (30:13). На крајот конечниот резултат гласеше 36:20. По три години пауза во составот се врати Андреа Лекиќ која го заврши натпреварот со 4 голови, додека пикерот на Вардар, Марија Петровиќ постигна 2 гола.
Пораз на премиерниот натпревар за Македонија, која загуби на гостувањето во Шведска. Овој меч го загубивме со резултат 38:26. Добра започна дуелот за нашата репрезентација која поведе со 0:2, по што следуваше лош период, кога Шведска направи серија од 7:0 и поведе со 7:2. Во овој дел од натпреварот, противникот имаше и осум голови предност, но до крајот на првото полувреме, Македонија намали на 18:13. Во вториот дел домашната селекција имаше контрола на резултатот и не и дозволуваше на Македонија резултатски да се доближи. На крајот моравме да се утешиме со пораз на стартот од овие квалификации. Десното крило на Вардар, Сара Ристовска постигна 6 голови, додека Јована Саздовска и Теодора Керамитчиева беа стрелци на два гола.
Токму Македонија и Србија во недела ќе ги одмерат силите, во рамките на второто коло од својата група. Натпреварот ќе се одигра во С.Р.Ц. Кале.