Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Слободан Мутибариќ за Вардарфанс:Децата играа од срце за Вардар.
Слободан Мутибариќ за Вардарфанс:Децата играа од срце за Вардар.

Слободан Мутибариќ за Вардарфанс:Децата играа од срце за Вардар.

Генерациите на Фк Вардар родени 2003 и 2004 година,беа учесници на силен меѓународен турнир кој се одржа во Благоевград(Бугарија).

-Одличен турнир со јаки меѓународни екипи.Децата дадоа се од себе,и можам да кажам дека играа од  срце за Вардар.Една победа им фалеше на двете екипи да влезат во полуфиналето.Ц.Ѕвезда освои во генерација 2003,со нив изигравме 0:0,а екипата на Војводина освои кај генерацијата родени 2004 година.Игравме со многу јаки противници,кои се сигурно два пати посилни од екипите во Македонија.Шестото место сигурно не е одраз на нивните можности и квалитети.Со стручниот штаб во иднина ќе се трудиме да ги подобриме во фудбалската игра,во која не треба многу да ги оптеретуваме со резултати.Сепак овие момчиња имаат само 10 години,и треба со љубов да настапуваат и играат за боите на Вардар,ни изјави тренерот на голманите во помладите генерации Слободан Мутибариќ за нашиот сајт.

 

Звонко Ивановски

Leave a Reply