Вчера на Академијата на ФК Вардар, црвено-црната генерација родени 2006 ја пречекаа екипата на ФК Македонија Ѓорче Петров составени од момци родени 2005 година. Избраниците на Милан Коцески го совладаа ривалот со високи 4:1 (4:0).
Вардар дуелот го започна со следниот состав: Данстак, Ајетовиќ, Порчу, Спасовски, Јанкоски, Лефковски, Величковски, Сековски, Алији, Дурединовски и Николовски.
По договор на двата тренери, натпреварот беше поделен во три периода од по 30.минути. Ние доминиравме на средбата, успеавме да отвориме први со погодок, а потоа дојдовме и до високи 4-0 на натпреварот против една година повозрасниот ривал. Тимот на Македонија ЃП успеа да намали само 4-1 на оваа средба. За нас погодоците ги постигнаа тројца момци, два гола беа дело на Дарко Сековски, Димитар Порчу стрелаше еднаш како и Алтин Алији.