Во денешното голем СЕХА финале ќе се сретнат тимовите на Вардар и унгарскиот гигант, Веспрем. Овие два тима ќе играат по трети пат помеѓу себе во големото финале од регионалната ракометна лига. Во полуфиналните мечеви, црвено-црните на драматичен начин го исфрлија тимот на ППД Загреб, а унгарскиот тим го совлада Мешков Брест.
Дуелот во Задар, Хрватска е закажан денес со почеток во 20:25 часот. Од истиот директен пренос ќе врши Македонската радио и телевизија.