Сонот на сите искрени подржувачи на ФК Вардар згазна многу неочекувано.Најавите на Стручниот штаб дека одат на двојна круна пропаднаа многу рано.
ФК Вардар имаше солидна предност од првиот меч два гола предност.Кога сите мислеа дека рутински ќе ја задржи со една паметна, мирна игра во Тетово се случи споротивното..
Натпреварот започна со иницијатива на Ренова,вардарци го бранеа водството од Скопје.По првите 45 минути ФК Вардар одолеваше на противникот и на полувреме се замина со одличен резултат 0:0 за Вардар.
Во вториот дел како да се случи некое чудо,како да не игра ФК Вардар туку некој ниско лигашки тим.Неколку чудни замени од страна на стратегот на ФК Вардар,во игра влезе Бојовиќ,кој немаше скоро никаква минутажа оваа есен,и по неколку минути по еден невнимателен старт го фаулираше противничкиот играч за најстрога казна.Емини тоа не пропушти да го казни и донесе радост на домакините од 1:0 во 73минута.Последните 15 минути Вардар се бранеше,кога сите очекувавме да остане овој резултат,по еден слободен удар Емини нафрли во шеснаесетникот на Павловиќ,топката дојде до Мечиновиќ кој со глава го матираше Павловиќ за 2:0 и огромна радост на домакините.
Со овој резултат заврши средбата.
Огромна тага и разочарување се јави меѓу навивачите на Вардар,почнаа да се шират разни муабети низ социјалните мрежи дека мечот е наместен и тн… но што вреди кога ФК Вардар и оваа година не успеја да ни ја донесе титулата која толку ја посакуваме.
Но што е тука е,се надеваме дека титулата во првенството е наша,и нашите играчи ќе ни се одолжат.