Градските ривали Вардар и Работнички се сретнаа во натпревар кој одлучуваше кој ќе биде есенски првак .Натпреварот се играше пред солидна посетеност (2.ооо гледачи) – за напомена е дека на оваа средба љубилеј или роденден славеше подгрупата на Комити – Лојал фанс,кој 15 години веќе се верна сенка на Вардар.
Натпреварот се одвиваше со поголем посед на топка на домакините,додека пак Работнички се бранеше.Вардарци не успеаа да создадат некој добра прилика за гол во првите 20 минути.Во втората фаза од првиот дел се играше многу неквалитетно,без шанси,која предизвика реакции од трибините за оваа лоша игра на двата водечки клуба.
Вториот дел започна исто како првиот,многу неквалитетно за око,без шанси,скоро ништо да не се случуваше позначајно.
За одбележување е краткиот прекин од неколку минути,кој го предизвикаа навивачите на Вардар кој имаа свое шоу како на аргентинските натпревари со многу пиротехника,пароли,транспаренти.
Како одминуваше натпреварот така се играше се по неквалитетно и неквалитетно,буквално немаше ништо значајно за одбележување,освен некој шут кон голот на Павловиќ и Шишковски.
Натпреварот заврши со неквалитетни 0:0 реакции од трибините можеа да се забележат,скопјани не беа нималку задоволни од начинот на кој се играше овој меч. Па така според овој резултат Вардар стана есенски шампион со +3 во однос на Работнички.
Следува пауза до 01.03.15