Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Жрк Вардар се лизна во Германија
Жрк Вардар се лизна во Германија

Жрк Вардар се лизна во Германија

Нашиот шампион во тежок натпревар, не успеја да ја задржи концентрацијата и да слави на овој многу важен меч.

Вардарки тргнаа гол за гол,по петнаесетинаминути имаа водство од еден гол,на полувреме заминавме со одлични +2

Во вториот дел германките почнаа да играат агресивна одбрана,и со контри по грешки на нашите ракометарки дојдоа до водство од +2 за нив најголеми во досегашниот дел од мечот.

Во последните десетина минути се играше израмнето,гол за гол.Кон крајот на мечот Турнигер постигна среќен гол за водство.На дваесетина секунди до крајот,Вардарки одиграа брз центар,постигнаа гол но за жал не беше признаен поради побаран тај-маут од Индира Кастратовиќ.Останаа само две секунди,по кој нашиот шампион можеше само формално да шутне кон голот на противникот.И со неповолен резултат за нас 21:20 заврши овој натпревар.

Leave a Reply