Tuesday ,10 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Соопштение на ФК Вардар пред неделниот натпревар против Шкупи
Соопштение на ФК Вардар пред неделниот натпревар против Шкупи

Соопштение на ФК Вардар пред неделниот натпревар против Шкупи

Во пресрет на неделниот натпревар против екипата на Шкупи, ФК Вардар на својата официјална страна го изнесе следново:

Соопштение по повод натпреварот!

Натпреварот против екипата на Шкупи ќе го одиграме во недела (13.08.2023) од 17:00ч, на стадионот “Борис Трајковски” во населбата Маџари.

По состанокот одржан заедно со претставниците на МВР и ФФМ, ги донесовме следните одлуки:

На паркингот пред стадионот ќе биде забрането паркирање на возила, пред и по завршување на натпреварот.

На стадионот ќе биде забрането внесување на сите пијалоци, како алкохолни така и безалкохолни, воедно и на сите останати предмети кои ќе можат да ја загрозат безбедноста на останатите луѓе кои ќе присуствуваат на натпреварот. Поради ова, во процес сме на изнаоѓање соодветно решение, бидејќи сме свесни и за исцрпувачките временските услови и за потребата на навивачите. Наскоро ќе ја објавиме одлуката и решението, во однос на ова прашање.

Секое нарушување на правилникот на ФФМ за фер и коректно навивање ќе биде веднаш санкционирано, затоа ги молиме сите навивачи кои ќе присуствуваат, да не потпаѓаат под провокации. Да бидеме пример, да не дозволиме дополнителни финансиски казни за клубот, сега кога повеќе од било кога сме му потребни.
90 минути за црвено -црните!
Замената на членските карти ќе се врши пред стадионот, во недела, од 14:30ч па се до почетокот на натпреварот.
На стадионот до 16:15ч ќе бидат пропуштани единствено тие кои ќе поседуваат членска карта. По 16:15ч ќе бидат пропуштани сите навивачи, а за оние кои ќе немаат членска карта, билетот ќе изнесува 200 ден.
Пред стадионот ќе се врши и продажба на членски карти по цена од 1000 денари
Во недела одиме на прва победа!
КУПИ ЧЛЕНСКА КАРТА И ДОЈДИ!
На сите продажни места на “МК Тикетс”
Онлајн преку линкот: