Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Се зајакнува соработката помеѓу црвено-црните и Динамо Загреб

Се зајакнува соработката помеѓу црвено-црните и Динамо Загреб

dd

Денес шефот на стручниот штаб на  шампионот на Хрватска  Динамо Загреб  Зоран Мамиќ беше во посета на  раководството на ФК Вардар. Тие одржаа заеднички состанок, на кој гостин партнерски подаде рака за реализацијата на бројните потенцијални развојни проекти. Со ова се удрени темелите од новите поглавја во историјата на односите помеѓу двата клуба. Директорот на  црвено-црните  г-дин Самоил Симев за овоаа средба изјави :

Денеска тренерот на Динамо Загреб, г-динот Зоран Мамиќ, на иницијатива на хрватскиот клуб, допатува како наш гостин во Скопје. На средбата разговаравме за можностите за почнување на една сеопфатна меѓусебна соработка во сите сфери, почнувајќи од играчкиот погон, стручниот шаб, раководните структури, како и младинските школи. Тоа ќе ни овозможи административниот и стручниот кадар, пред сѐ тренерите од нашите младински школи, да присуствуваат на разни професионални обуки во Загреб и да учат од искуствата на хрватскиот првак. На крајот од денешната посета, се договоривме во текот на месец март делегација од нашиот клуб да отпатува во главниот град на Република Хрватска, каде што би ги прецизирале конкретните детали врз основа на кои ќе го градиме нашето пријателство во иднина. Благодарни сме што преку досегашните инвестиции кои ги направивме во инфраструктурата и играчкиот кадар, Динамо Загреб препозна во нас рамнпоправен партнер за реализација на идејата за Регионалната лига. Луѓето од раководството на Динамо се едни од најголемите поборници оваа идеја да стане реалност, а во идентична насока се движат и нашите размислувања. Ставот на ФК Вардар по ова прашање е повеќе од јасен и ние сметаме дека организацијата на едно вакво натпреварување е единствениот спас за фудбалот на балканските простори. Воедно, г-динот Мамиќ беше импресионаиран од условите кои ги имаме за работа во новиот тренинг центар, констатирајќи дека Динамо Загреб, Вардар и Партизан се единствените екс-југословенски екипи, кои располагаат со современа инфраструктура за високи европски дострел – изјави г-н Симев.

Првиот човек на клупата на долгогодишниот шампион на Хрватска Мамиќ за оваа средба со првите луѓе на на нашиот црвено-црн фудбалски колектив изјави :

Среќен сум што денеска имав прилика да бидам овде во Скопје, меѓу своите пријатели од фудбалскиот клуб Вардар. Мора да признам дека сум пријатно изненаден од она што имав прилика да го видам во новиот тренинг камп и слободно може да кажам дека Вардар е на вистинскиот пат, со овие услови да направи успех на меѓународната сцена. Исто така, драго ми е што наидовме на поддршка и разбирање на нашите планови за реализација на регионалната лига во фудбал. Со нетпрение очекувам повторно да се видиме на новата заедничка средба, која договоривме да се одржи во Загреб и се надевам дека дел од вардаровата делегација ќе биде и сопственикот на клубот, г-дин Сергеј Самсоненко. Едноставно се радувам што во Македонија постојат вакви луѓе, кои мислат и работат за доброто на фудбалската игра- Изјави Мамиќ.