Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Фелипе за Вардар фанс : Мојот сон е со Вардар да играме во Л.Ш!
Фелипе за Вардар фанс : Мојот сон е со Вардар да играме во Л.Ш!

Фелипе за Вардар фанс : Мојот сон е со Вардар да играме во Л.Ш!

Во текот на летниот преоден рок нашиот фудбалски колектив се засили со бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Рибеиро. Тој е роден на 5 декември 1987 година во бразилскиот град Сао Висенте. Во Бразил Фелипе има играно за:  Санто Андре, Ред Бул Бразил, Ориенте Петролеро и Сао Карлос. На почетокот од сезоната 2014/15 Фелипе доаѓа во нашиот источен сосед Бугарија и станува  играч на ЦСКА Софија. Повеќекратнот бугарски шампион поради административни неправилности беше исфрлен во најнискиот ранг на натпреварување, а  Вардар тоа го користи и го донесува во црвено-црниот дрес. Овој трансфер се покажува подоцна  како големо засилување за нас. Фелипе беше најдобар поединец во есенскиот дел, тој за читателите на Вардар фанс открива како се адаптираше во Вардар и ни ги кажува својте очекувања за продолжението од ПМФЛ:

Убаво се чуствувам во Скопје, соиграчите од екипата ме третираат навистина добро. Доста лесно се адаптирав овде како фудбалер на Вардар. Јас и тимот напорно работиме да бидеме шампиони во македонската прва фудбалска лига, тоа е нашата зацртана цел за која се трудиме и се надевам дека со сигурност ќе ја оствариме, со мојте соиграчи од Вардар оваа пролет.

Го прашавме и Фелипе како е задоволен тој од својте игри во светиот вардаров дрес, што очекува од “европското лето“ на црвено-црните. Централниот играч за врска  воедно го продолжи пред кратко време својот едногодишен договор кој го имаше претходно потпишано ова лето со Вардар.  Нашата “70-ка“  вели :

Јас со моите досегашни игри во црвено-црниот дрес  од она што го прикажав во есенскиот дел може да кажам дека сум целосно задоволен. Мислам дека може многу да му помогнам на Вардар заедно со другите од тимот за остварување на сите зацртани цели на екипата. Кога сме околу мојот договор со Вардар, за истиот се надевам ќе го испочитувам  во целост. Мојот сон како и на секој играч на Вардар е да играме во Лигата на Шампионите, ќе дадам се од себе да се квалификуваме оваа година во групната фаза- изјави Хуан Фелипе Рибеиро за Вардар Фанс.

Михајло Тушевски