Стартуваат возбудувањата во новата 2016 година. Први кои ќе ја отворат оваа година со натпревар се девојките на ЖРК Вардар. ЖРК Вардар новата година ја отвара денеска против тимот на Букурешт од Романија. Тимот на Букурешт во оваа главна фаза од натпреварувањето во ЛШ пренесува пет бодови, еден повеќе од нашиот тим. Романскиот тим во првата фаза имаше скор од две победи една нерешена средба, и само еден пораз, и тоа од екипата на Будуќност на домашен терен. Најголемот изненадување тимот на Букурешт го направи на гостински терен во Подгорица, кога романките извлекоа нерешен резултат 23:23 против Европскиот првак. Овој податок говори дека се работи за една одлична екипа предводена од Kим Расмусен.
Не очекува еден интересен дуел. ЖРК Вардар доколку сака да продолжи понатаму, мора да победува на домашен терен како прва опција, па затоа тоа мора да се случи денеска. Колку и да е незгоден тимот на Букурешт, Вардарки две години по ред се 3-ти во Европа, па таа улога мора да ја оправдаат и денеска.
Дојдете во СЦ. ”Јане Сандански” да навиваме за ЖРК Вардар кон нови победи.
Натпреварот започнува во 17 часот и 30 минути.