Вардар Јуниор“ лигата дефинитивно ги обедини сите ракометни школи низ цела Македонија, кои изразија желба да бидат дел од овој голем проект на нашиот црвено-црн колектив, бидејќи сите клубови кои се членови на Академија Вардар немаат можност да ги пријават своите играчи во некоја од лигите на РФМ, а и за некои нема возрасни категории во кои би се натпреварувале. Затоа “Јуниор лигата“ успеаа да создаде систем во кој би се натпреварувале играчи од различни возрасни категории. Тука е вклучена и школата на Рк Кастратовиќ-Вардар чиј тренер е Здравка Дамовска.
-Идејата за “Јуниор лигата“ ја пласираше ракометната Академија на Вардар. Според мене идејата е одлична, а на децата им се предизвик вакви проекти за да го покажат своето знаење, умешност и квалитет,а секако да стекнат и нови другарства и познавања. Мојот тим покажа одлични резултати и јас лично сум многу задоволна.
Рк Кастратовиќ се натпреварува со генерација родени 2002/2003 година.
-Гледајќи од аспект на тренер, лигата би била поквалитетна и поуспешна кога би се водело сметка за возрасната категорија на учесниците, за содржината на тренинзите а пред се за физичкото и менталното здравје. Не треба да заборавиме дека работиме со деца во развој и дотолку повеќе нашата обврска во смисла на горе изнесеното е од приоритетна важност, изјави Здравка Дамовска за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски