Со почеток од 14 часот, црвено-црните ќе го одиграат и третиот контролен натпревар во Анталија. Овој пат противник ќе биде силниот тим на Либерец кој доаѓа од првенството на Чешка. Во претходните два контролни натпревари забележавме една победа ( Волфсбергер) и нерешен резултат (Вил). Овој натпревар ќе биде одлична проверка за формата на нашиот фудбалски шампион. За денешниот дуeл тренерот Гоце Седлоски се одлучи за следниве 11-сетмина:
Пачовски, Хамбарџумјан, Гранчаров, Мијушковиќ, Љамчевски, Глигоров, Фелипе, Асани, Блажевски, Ќеран, Ивановски.
На клупата за резерви се: Гачевски, Брдаровски, Новак, Николов, Спировски, Којашевиќ, Таневски, Личина, Грозданоски.