Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Мартин Спировски: Се радуваме на првата пролетна победа, се надевам дека така ќе продолжиме до крајот на сезоната
Мартин Спировски: Се радуваме на првата пролетна победа, се надевам дека така ќе продолжиме до крајот на сезоната

Мартин Спировски: Се радуваме на првата пролетна победа, се надевам дека така ќе продолжиме до крајот на сезоната

Помладите пионери го добија дербито со екипата на Пелистер на гостувањето во Битола и на тој начин се вратија на победите во првенството. Ова беше прв триумф за избраниците на Сашо Јанев во пролетниот дел од сезоната, откако во претходните два меча ремизиравме со екипите на Работнички и Победа. За разлика од споменативе натпревари, против Пелистер завршната реализација беше на повисоко ниво, што ни овозможи да ги освиме трите бода кои се многу важни во борбата за титулата. Конечниот резултат гласеше 0:3. Мартин Спировски постигна два гола, додека во листата на стрелци се запиша и Давид Астарџиев.

-Јас сум воглавно задоволен како од својата, така и од играта на моите соиграчи. Спорем мене резултатот можеше да биде многу поубедлив од постигнатиот, покрај нереализираните шанси 2 скратени корнери и 3-4 удари кои заршија во рацете на голманот. Сепак се радуваме на првата победа во оваа полусезона и се надеваме дека така, а можеби и уште поуспешно ќе продолжиме до крајот на сезоната. Сметам дека имавме контрола над натпреварот и поседот на топката беше на наша страна. Ние се надеваме на најдобри резултати во понатамошните натпревари и задражување на првото место на табелата, изјави Мартин Спировски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски