Овој викенд се одигра ново коло во женската кадетска лига. Избраничките на Платон одиграа меч во Кичево против тимот на РК Кичево 10, овој натпревар нашите девојки го загубија со резултат 28:25 (16:11). Вардар Јуниор пак беше сигурен на гостувањето во Неготино.
Натпреварот започна, во главно се играше гол за гол, РК Кичево се одлепи при крајот на првиот дел кога од 10:10 направи серија од 4-0, за на полувреме да замине со +5. Во вториот дел Вардарки одиграа подобро од првиот дел, постигнаа повеќе погодоци од првиот дел, но не беше доволно тоа за победа. На крајот РК Кичево 10 победи со резултат 28:25. Честитки за нашите млади девојки, кој во ова натпреварување играат со постари генерации од нив. Најефикасни поединци кај нас беа: Нелоска (11), Јакимовска (4), Таневска (3), Цветковска (3).
Вардар: Јакимовска 4, Ивановска, Таневска 3, Марковска 1, Ацевска, Буцевска, Ристевска, Ивановска, Танчева, Ристовска, Диневска 1, Ивановска 2, Цветковска 3, Тутиќ, Нелоска 11.
Екипата на Вардар Јуниор која на овој натпревар ја предводеше Александра Кузмановска немаше поголеми проблеми во дуелот со Неготино и забележа убедлив триумф со резултат 12:26. Во првото полувреме тимот на неготино успеаа да постигне само четири погодоци, што е премалку за да се биде достоен противник во еден дуел. На полувреме се замина со водство на Вардарки од 4:12. Ивана Блажевска повторно беше најефикасна, постигнувајќи 10 голови, додека Јована Величковска додаде 7 погодоци.
Вардар јуниор: Бабунска, Наумовска, Ничовска 1, Ѓорѓиева, Станишиќ 2, Атанасова 1, Величковска 7, Кириќ, Ѓорчевска 2, Трпевска 2, Алексовска, Митровска, Милошевска 1, Буразер 1, Блажевска 10.