Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Жрк Вардар јуниор убедлив нагости против Ѓорче Петров
Жрк Вардар јуниор убедлив нагости против Ѓорче Петров

Жрк Вардар јуниор убедлив нагости против Ѓорче Петров

Избраничките на Симе Симовски имаа одличен старт на пролетната сезона во Супер лигата тие во првиот меч забележаа победа над екипата на  Ѓорче Петров. Ние овој меч го одигравме како гости  во истоимената скопска населба. Подобри бевме на овој дуел од  домашна екипа со резулат 26:14. Тимот на Вардар јуниор немаше проблеми да ја оствари и десеттата победа во десеттиот натпревар.  Мечот помеѓу ѓорчепетровски и девојките од  ЖРК Вардар  јуниор по десетина минути игра беше нерешен, односно резулатот на семафорот беше 3-3. Нашите девојки потоа направиа  е серија од 0:4, што носи  водство од 3:7. Екипата на Ѓорче со серија 3-1 се врати на минус два односно 8:10. Нашите девојки одговараат со  нова серија од 0:3 и во тој момент  направивме највисоки 13-8, во самиот финиш од  првото полувреме. Докрајот нашите девојки не погодиа, а на одмор заминавме со  еден примен гол што сепак не беше ја загорозило високата предност.

Разлика во квалитетот  помешу двете екипи се покажа  во вториот дел. Во овој период  одбраната на младите вардаки беше беспрекорна. Во воведните минути двата тима на свете страни  постигнаа по еден гол. Веднаш по тоа следеше на теренот една  огромна доминација на црвено-црните. Младите девојки на црвено-црните  имаа  серија од 1:6, со која првпат на дуелот остваривме  двоцифрена предноста. Резулатот на семафорот во тој момент беше 11:21. Нашите млади вардарки имаа уште поквалитетен  период во продолжение кога се дојдовме до највисоките 13 разлика. Мечот докрај беше рутина за нас, истиот заврши со резулат 14:26. Со оваа победа Вардар јуниор дојде до 30 бода, три повеќе од Металург на две кола до крајот. Докрај на регуларниот дел од женската Супер лига не очекува решавачка  меѓусебната битка со Жрк Металур. Оваа средба  ќе се игра пред нашата публика во престојниов викенд, а потоа ќе остане уште мечот со Жрк Пелистер. Вардар јуниор: Белмезова 19 одбрани (1 пенал), Нина Ладева 1 одбрана (пенал), Керамичиева 3, Трпковска 3, Митова 4, Нолевска 5, Георгиевска 3, Прленда 6, Николовска 1, Трајчевска 1, Петровска, Бојаџиска, Велкова, Мишевска, Гичевска