Викендов во спортскиот ракометен центар Кале се одигра ракометен натпревар во конкуренција на пионерки, помеѓу екипите на РК Вардар и Делчево. На крајот двете екипи ги поделија бодовите, откако резултатот заврши со нерешени 20:20.
Натпреварот добро започна за избраничките на Драгана Ристова кои поведоа со 2:0. Во 10 минутата следиме измранување на резултатот на 4:4. Сепак до крајот на првото полувреме, Делчево успева да го преземе водството и да ја има контролата на игра во свои раце. Во следниот период противникот успева да направи серија д 2:6 и да поведе со 6:10. Оваа разлика прилично се одржуваше до истекот на првиот дел, кога на одмор се замина со резултат 10:13.
Вториот дел со гол го отвори екипата на Делчево за враќање на највисоките четири позитива 10:14. Следуваше игра каде се играше гол за гол на двете страни, гостинот успеа да влезе во завршните минути со солидно водство од 16:19. Сепак Вардарки ниту во еден момент не се предадоа и до крајот успеаа да се изборат за нерешен резултат од 20:20.
Најефикасна во редовите на Вардар беше Петковска со 5 и Ѓорѓиевска со 4 погодоци.
РК Вардар: Трајковска, Гроздановска, Арсовска, Дамјановска 3, Ивановска, Крстевска, Ѓорѓиевска 4, Донева 2, Петковска 5, Станчева, Наскоска, Костовиќ 1, Миновска 1, Седловска 1, Галевска 2, Цветановска 1.