Според „Вардар Фанс”, најкорисен играч во Вардар во оваа полусезона е играчот од одбраната Владица Брдаровски.
Брдаровски имаше полусезона за паметење. Ги одигра сите 18 првенствени натпревари а згора на тоа постигна и четири погодоци, со што е најдобар стрелец во тимот со уште неколку колеги.
Брдаровски одигра навистина одлично и ги исполни сите барања на тренерот Васоски. На некој натпревари одигра како десен, лев бек и по крилните позиции.
Дека Брдаровски имаше полусезона за паметење покажува и податокот што во минатите сезони не успеал да постигне гол, а сега има веќе четири.