Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > “Спорт клуб“ и оваа година со директни преноси од “турнирот на пријателство“

“Спорт клуб“ и оваа година со директни преноси од “турнирот на пријателство“

“Турнирот на пријателство“ и оваа година ќе биде пренесуван на каналите на “Спорт клуб“. Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар ќе бидат дел од овој турнир, на кој во група се со екипите на Војводина, Осијек и Сараево. “Спорт клуб“ веќе ја објави својата програма за првите два натпреварувачки денови на турнирот. Прв натпревар кој ќе биде пренесуван на 6-ти јуни ќе биде дуелот помеѓу екипите на Вардар и Војводина, кој ќе започне од 10 часот. На вториот натпреварувачки ден, нема да имаме можност да ги гледаме црвено-црните, додека програмата за третото коло ќе биде дополнително одредена. Избраниците на Сашо Јанев за противник во второто коло ја имаат екипата на Сараево, за последниот меч од групната фаза да го одиграме со екипата на Осијек.