Ненадминлив по својата борбеност во играта во одбраната, Најдоски вардаровите бои ги бранеше во периодот од 1984 до 1988 година.
Поранешниот македонски репрезентативец, има одиграно вкупно 134 средби, од кои 75 првенствени во „црвено-црниот“ дрес и беше столб на дефанзивниот бедем во сезоната 1986/87, кога Вардар за прв и единствен пат во својата трофејна историја, се закити со титулата државен првак на СФР Југославија.
Среќен роденден Илија!