Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Slider > Среќен роденден Златко Таневски
Среќен роденден Златко Таневски

Среќен роденден Златко Таневски

Денес својот 36. роденден го прославува помошникот тренер во стручниот штаб на ФК Вардар, се работи за Златко Таневски.

Таневски од минатата полусезона се вклучи во стручниот штав на Вардар, откако претходно работеше како тренер во Академијата на ФК Вардар. Таневски пак е дете на Вардар, кој ги има поминато сите младински категории на клубот. За првиот тим настапуваше во периодот од 2004-2006 година, потоа замина во Полска, настапувајќи за екипите на Лех Позњак и Белхатов. Во 2012 година повторно го облекува црвено-црниот дрес и успева со Вардар на четири пати да стане Шампион на Македонија.