ФК Вардар пролетниот дел од сезоната ќе го започне без тројца играчи од есенскиот дел. Петковски, Најдоски и Темелков повеќе не се дел од црвено – црниот тим.
Филип Петковски – оваа полусезона не се наметна кај Седлоски па одигра само два меча цела полусезона, па за очекување беше дека ќе си замине и ќе оди во нова средина. Петковски минатата сезона имаше неколку одлични партии во дресот на Вардар кога на вкупно 25 натпревари успеа да постигне 6 погодоци. Вардар Фанс му посакува на Фичо среќно во новата средина.
Дино Најдоски - Младиот играч од одбраната исто така го напшути ФК Вардар. Најдоски не успеа да избори место во првиот состав на Вардарци. Најдоски оваа сезона не влезе во игра во редовите на Вардар. Минатата сезона Најдоски запиша 4 настапи во дресот на Вардар. Вардар Фанс му посакува среќно понатаму во кариерата.
Александар Темелков – Играчот од средниот ред исто така го напуша ФК Вардар. Темелков мина три ипол сезони во дресот на ФК Вардар. Оваа сезона Темелков настапи на само една средба. Во минатите сезони Темелков беше стандарден играч на ФК Вардар. Во сезоните 2012/13 и 2013/14 Темелков запиша по 22 натпревари, и постигна вкупно еден погодок. Вардар Фанс му посакува среќно понатаму во својата кариера.