Вардарки со победа ја започнаа годината и ја отворија новата групна фаза на најдобар можен начин. Во С.Ц. Јане Сандански се играше исклучително тежок натпревар. Букурешт речиси во текот на целиот натпревар одржуваше резултатска рамнотежа, дури на неколку пати имаа и водство. Сепак на пет минути до крајот успеавме да се одлепиме на три голови разлика, што на крајот се покажа како пресудна за конечниот победник. Конечниот резултат гласеше 22:21. Лејно и Суслина сигурно беа едни од најзаслужните за овој триумф, додека од најефикасните играчи посебно се истакна Андреа Лекиќ која мечот го заврши со 5 постигнати голови.
-Ова беше навистина голема победа, многу битно отварање на овој дел од групната фаза во лигата на шампиони. Тежок натпревар за нас, но пресреќна сум, сепак ова беше прв меч за нас во новата година. Букурешт е одличен тим кој ни зададе многу проблеми, сепак на крај мислам дека заслужено победивме.
Во следнодото коло гостуваме на Европскиот првак, екипата на Будуќност која го загуби мечот со Ѓер во Унгарија.
Машината почна да се загрева, па се надевам дека како ќе одминуваат натпреварите, ние ќе бидеме се подобри и подобри, изјави Андреа Лекиќ за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски