Фудбалскиот клуб Вардар утре стартува со подготовки за новата натпреварувачка сезона.
Фудбалскиот клуб Вардар објавува дека почетокот на подготовките за новата сезона е закажан за 6 јули (среда) со почеток во 17:30 на стадионот Борис Трајковски во населба Маџари. Во Скопје екипата ќе тренира се до заминувањето во Охрид на 26 јули каде ќе остане до 5 август.
Во склоп на подготовките закажани се следните подготвителни натпревари:
-17ти јули (дополнително ќе биде објавено)
-23ти јули против екипата на ФК Скопје
-27ми јули против екипата на ФК Охрид
-31ви јули против екипата на ФК Пелистер
-5ти август против екипата на Егнатиа (Албанија)