Friday ,27 November 2020
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Старт на сезоната во младинските фудбалски лиги, пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Еуроспорт
Старт на сезоната во младинските фудбалски лиги, пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Еуроспорт

Старт на сезоната во младинските фудбалски лиги, пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Еуроспорт

Претстојниов викенд стартува натпреварувачката сезона 2020/21 во младинските фудбалски лиги. Генерацијата 2005 ќе дебитира во рамките на помладата пионерска супер лига, додека младинскиот состав ќе го сочинуваат играчи кои се родени 2002 година.

Против екипата на Еуроспорт Куманово ќе ја отвориме новата сезона, во која пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, додека кадетите и младинците на теренот на Академијата ќе ги пречекаат кумановчани.

Пионерските екипи во сабота ќе ја отворат сезоната. Натпреварите против екипата на Еуроспорт ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот на теренот во с. Доброшане. Следниот ден ( недела) на теренот на Академијата во истите термини, кадетите и младинците на Вардар се домаќини на Еуроспорт.

Драган Стефановски-Гаге ги предводи помладите пионери, додека Сашо Тодоровски е тренер на пионерите. Кадетскиот и младинскиот состав ќе биде предводен од Филип Ивановски.