Играчот на Вардар, Иван Чупиќ се враќа во националниот дрес на својата репрезентација.
Селекторот на Хрватска, Лино Червар го објави списокот на ракометари на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари за пласман на Европското првенство во 2022 година. На истиот се најде и десното вардарово крило, Иван Чупиќ за кој ова е повраток во репрезентацијата.
Хрватска на 4.ноември ја очекува натпревар против селекцијата на Словачка на гостински терен, додека на 7.ноември се домаќини на Унгарија.