Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Стартува пролетниот дел во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт е прв противник за вардаровите екипи
Стартува пролетниот дел во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт е прв противник за вардаровите екипи

Стартува пролетниот дел во младинските фудбалски лиги, Еуроспорт е прв противник за вардаровите екипи

Престојниов викенд ќе стартува пролетниот дел во првенството на младинските фудбалски лиги. Пионерските екипи на ФК Вардар во сабота ќе гостуваат во Куманово кај екипата на Еуроспорт, додека кадетите и младинците во недела на теренот на Академијата се домаќини на истиов противник.Термините на одигрување натпревари се од 10:00 и 12:00 часот.

Помладите пионери го започнуваат пролетниот дел од првото место на табелата. Момците на Рап-Тап ќе се обидат да ја зачуваат предноста од четири бодови која ја стекнаа пред екипата на Работнички. На дуелот со Еуроспорт сме големи фаворити за освојување на бодовите, па се освен триумф на Вардар ќе претставува големо изненадување на овој меч. Првиот дуел одигран на домашен терен во есенскиот дел, црвено-црните го добија убедливо со резултат 4:0. Еуроспорт се наоѓа на претпоследното место на табелата, со само 7 освоени бодови.

Фаворити за првата пролетна победа се и пионерите на Вардар. Во вториот дел од сезоната оваа генерација на Вардар ќе биде предводена од Милан Коцески, кој го замени Стефановски-Гаге кој беше прекомандуван во младинскиот состав. Вардаровите пионери имаат шест бодови негатива во однос на Академија Пандев, па доколку сакаат да ја продолжат борбата за титулата, ќе мораат да слават на гостувањето во Куманово. Во оваа категорија, противникот се наоѓа на последното место на табелатасо 7 бодови. Првиот меч во есенскиот дел, убедливо му припадна на Вардар кој славеше победа со резултат 5:0.

Интересна борба за титулата не очекува во рамките на кадетската супер лига. Таму бодовната разлика на првите четири екипи е само два бода. Вардар и Шкендија се екипите кои започнуваат со ист број на бодови, додека Работнички и А.Пандев во секое одиграно коло се екипите кои можат да го променат изгледот на табелата. Вардар влегува како голем фаворит во дуелот со екипата на Еуроспорт, која и во оваа генерација се наоѓа на претпоследното место на табелата, со само 9 освоени бодови. Црвено-црните го победија Еуроспорт во Куманово, на мечот кој се одигра во рамките на 6.коло, Вардар победи со резултат 2:3.

Младинците на Вардар ќе имаат проблеми околу составување на екипата во пролетниот дел. После заминувањето на Костовски и повредата на Трајановски, се стеснува бројката на играчи во младинскиот состав, кој ќе мора со расположивите сили да ја истера сезоната до крај. Добра шанса да го стартуваме пролетниот дел со победа, со оглед дека ни гостува последнопласираниот тим на Еуроспорт, кој има само 5 освоени бодови.  Првиот меч одигран во Куманово заврши со нерешен резултат 1:1.