Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најава на последното коло во ЛШ, дали Вардар може да заврши на 5.место во групата
Најава на последното коло во ЛШ, дали Вардар може да заврши на 5.место во групата

Најава на последното коло во ЛШ, дали Вардар може да заврши на 5.место во групата

Претстојниов викенд ќе се одигра последното 14 коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите, по што ќе биде познат конечниот пласман на екипите.

Започнуваме со дуелот во Белорусија, каде ќе играат екипите на Брест Мешков и Порто. Натпревар кој нема резултатско значење за Мешков, но има за екипата на Порто, која се бори да ја задржи петтата позиција на табелата во однос на Вардар. Брест изненади и во претходното коло кога во меч на кој исто така немаше значење за нив, го победија тимот на Кил, па нема да биде изненадување доколку со триумф над Порто ја завршат сезоната во ЛШ. Фаворитската улога е на страната на Порто, кој рековме дека мора да победи доколку сака да заврши на 5.позиција во групата.

Во сабота, во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на тимот на Монпелје. Победата е имератив за двете екипи. Вардар со евентуална победа и пораз на Порто ќе избие на 5.место во групата, додека триумф на Монпелје и пораз на Киелце, ќе значи дека францускиот претставник ќе заврши на 3.место во најсилната група Б. После заминувањето на Кристопанс и Атман, Вардар има големи проблеми пред се на бековската позиција, па улогата на фаворит ја има екипата на Монпелје. Сепак очекуваме голема борба од нашите момци и добар натпревар.

Во Украина дуел од последното коло ќе одиграат екипите на Мотор Запорожје и Веспрем, меч кој нема значење за двете екипи. Без разлика на исходот, Мотор ќе заврши на последното место во групата, додека Веспрем е обезбеден на втората позиција, па и двете екипи ќе играат за престиж. Сепак, Веспрем е голем фаворит, па не веруваме дека ќе дозволи да ја испуштат победата.

Колото ќе го затворат екипите на Киелце и Кил. Овие две екипи одиграа интересен прв меч, кога во„Шпаркасе Арената“ двете екипи ги поделија бодовите. На саботниот натпревар, Киелце е фаворит, со оглед дека бодовите се повеќе потребни за домашниот тим. Кил веќе го осигура пласманот во чеврт-финалето за освојување на првото место во групата, па сигурно дека избраниците на Јиха ќе се штедат за мечевите од бундес лигата, каде водат голема борба за шампионската титула. Киелце е фаворит и поради домашниот терен, кој сигурни сме дека ќе го искористи.

Термини за одигрување натпревари од 14 коло во најсилната група Б:

Брест Мешков – Порто  ( сабота)  17:30

Вардар – Монпелје      ( сабота)     17:30

Мотор – Веспрем      ( сабота)        17:30

Киелце – Кил             ( сабота)       18:00