Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир, започнува младинската лига
ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир, започнува  младинската лига

ЖРК Вардар денес гостува кај Чаир, започнува младинската лига

Денес започнува женскиот младински ракометен шампионат, први оваа пролетна полусезона истиот ќе го отворат екипите на Чаир и ЖРК Вардар. Девојките на Ристова, Црвенковска и Царчев попладнево ќе гостуваат кај  истоимениот тим од скопската населба.

„Фенерџијата“, тимот на  ЖРК Чаир ќе не пречека во 17-00 часот во натпревар од 6.коло во младинската лига. По есенскиот дел тие се последно пласирани без бодови, ние сме фаворити на оваа средба и есенскиот дел го завршивме на позицијата број два. Во првиот меѓусебен натпревар во „Јане Сандански“ победивме со високи 48:20 (26:12).

Во другиот меч од ова 6.коло во петок Металург го пречекува тимот на РК Кузман во Автокоманда, а тимот на ЖРК Куманово е слободен.